1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Профил на заводот

Профил на заводот

  Јавната Установа Завод за заштита и рехабилитација - Бања Банско е установа која згрижува, негува, едуцира и рехабилитира лица со телесен инвалидитет и е единствена установа од ваков тип во Република Македонија. Установата се наоѓа на влезот на Струмичкото село Банско, во близина на хотелот...

Повеќе...

Дејност на Заводот за заштита и рехабилитација

Дејност на Заводот за заштита и рехабилитација

 Основна дејност на Заводот е заштита, рехабилитација, нега и едукација на нашите корисници - лица со попреченост во физичкиот развој. Групата на корисници кои се сместени кај нас е хетерогена во секој поглед, па за да се обезбеди ефикасно функционирање, корисниците се делат во повеќе групи...

Повеќе...

Стационар и сместување

Стационар и сместување

 

  Стационарот се наоѓа на горниот кат од постариот објект и двата спрата од новата зграда. Се состои од повеќе простории: спални соби, простории за дневен престој и забава, санитарии со купатила за лична хигиена, кујна и трпезарија (поголемиот дел од активностите се одвиваат во овој оддел).

Повеќе...
Previous
Next

Вработени во Завод за заштита и рехабилитација

 

Заради специфичноста, проблемите и потребите на корисниците во ЈУ Завод за заштита и рехабилитација - Бања Банско има повеќе работни профили, кои се систематизирани по одделенија заради поголема ефикасност:

  1. Технички персонал:
    • Хигиеничари
    • Возачи
    • Кујна - готвачи и садоперачи
    • Магазинери
    • Шивачи
    • Хаус-мајстор
    • Перачка
  2. Оддел за правни, економски, финансиски и административно-техички работи
    • Дипломиран правник
    • Книговодител
    • Благајник
    • Архивар
  3. Професионално ангажирање и работно оспособување
    • Дипломиран психолог
    • Дипломиран социолог
    • Дипломиран социјален работник
    • Дипломиран дефектолог
  4. Основно образование и воспитување
    • Педагог
    • Дефектолог-воспитувач
    • Одделенски наставник (од 1 до 4 одделение)
    • Професори
    • Наставници
  5. Оддел за медицинска заштита и рехабилитација
    • Дипломиран физиотерапевт
    • Физиотерапевти
    • Главна сестра
    • Ортопед-протетичар
    • Негувателки
    • Негуватели
     

Благодарение на добро одбраниот персонал, ние се трудиме да им го олесниме животот, да ги ресоцијализираме, да им помогнеме да ги решат проблемите, преку посматрање, интервју, разговор, сугестии, укажувања, подигање на свеста за самопочитување како и настојување за почитување на куќниот ред.