1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Профил на заводот

Профил на заводот

  Јавната Установа Завод за заштита и рехабилитација - Бања Банско е установа која згрижува, негува, едуцира и рехабилитира лица со телесен инвалидитет и е единствена установа од ваков тип во Република Македонија. Установата се наоѓа на влезот на Струмичкото село Банско, во близина на хотелот...

Повеќе...

Дејност на Заводот за заштита и рехабилитација

Дејност на Заводот за заштита и рехабилитација

 Основна дејност на Заводот е заштита, рехабилитација, нега и едукација на нашите корисници - лица со попреченост во физичкиот развој. Групата на корисници кои се сместени кај нас е хетерогена во секој поглед, па за да се обезбеди ефикасно функционирање, корисниците се делат во повеќе групи...

Повеќе...

Стационар и сместување

Стационар и сместување

 

  Стационарот се наоѓа на горниот кат од постариот објект и двата спрата од новата зграда. Се состои од повеќе простории: спални соби, простории за дневен престој и забава, санитарии со купатила за лична хигиена, кујна и трпезарија (поголемиот дел од активностите се одвиваат во овој оддел).

Повеќе...
Previous
Next

Директор на Заводот за заштита и рехабилитација

 

Директор на ЈУ Завод за заштита и рехабилитација - Бања Банско е Стојанка Изова, по професија дипломиран дефектолог. На функцијата Директор на Завод Банско е од 2017 година.

Својата функција, која пред се подразбира менаџирање со самата установа ја врши со голема посветеност и насоченост кон поуспешно интегрирање во надворешната средина на корисниците, кое подразбира нивна социјализација, едукација и активирање во одредени области. Со оглед на природата на установата, работните задачи и обврски на Директорот се доста комплексни и захтевни како од правен така и од хуман аспект, при што успешната соработка со Министерствата и други надворешни странки е неминовна.

Покрај гореспоменатото Директорот ја организира работата и раководи со установата, ја застапува и претставува истата, непосредно раководи со стручната работа и се грижи за нејзиното напредување. Предлага програма за работа и превзема мерки за нејзино спроведување, ги спроведува правосилните судски одлуки, поднесува извештај за работата, како и за материјално-финансиско работење до управниот одбор и до Министерството за труд и социјална политика, се грижи за работната дисциплина, извршувањето на работните задачи и други работи во согласност со Законот, Статутот и другите акти на установата.

Контакт со директорот на Заводот, г-ѓата Стојанка Изова, може да остварите по пат на е-mail на адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. .