1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Профил на заводот

Профил на заводот

  Јавната Установа Завод за заштита и рехабилитација - Бања Банско е установа која згрижува, негува, едуцира и рехабилитира лица со телесен инвалидитет и е единствена установа од ваков тип во Република Македонија. Установата се наоѓа на влезот на Струмичкото село Банско, во близина на хотелот...

Повеќе...

Дејност на Заводот за заштита и рехабилитација

Дејност на Заводот за заштита и рехабилитација

 Основна дејност на Заводот е заштита, рехабилитација, нега и едукација на нашите корисници - лица со попреченост во физичкиот развој. Групата на корисници кои се сместени кај нас е хетерогена во секој поглед, па за да се обезбеди ефикасно функционирање, корисниците се делат во повеќе групи...

Повеќе...

Стационар и сместување

Стационар и сместување

 

  Стационарот се наоѓа на горниот кат од постариот објект и двата спрата од новата зграда. Се состои од повеќе простории: спални соби, простории за дневен престој и забава, санитарии со купатила за лична хигиена, кујна и трпезарија (поголемиот дел од активностите се одвиваат во овој оддел).

Повеќе...
Previous
Next

Дејност на Заводот за заштита и рехабилитација

Основна дејност на Заводот е заштита, рехабилитација, нега и едукација на нашите корисници - лица со попреченост во физичкиот развој. Групата на корисници кои се сместени кај нас е хетерогена во секој поглед, па за да се обезбеди ефикасно функционирање, корисниците се делат во повеќе групи:

Полова структура кај корисниците:

Машки и Женски

Старосна структура на корисниците:

Прва група од 6-12 години (училишна возраст)
Втора група од 12-18 години (адолесценција)
Трета група од 18-25 години (премин кон млад возрасен)
Четврта група од 25-40 години (млад возрасен)
Петта група од 40-60 години (зрел возрасен)
Шеста група од 60 до смртта (возрасен што старее; трета доба од 60-75години)

Национална структура кај корисниците:

Македонци, Албанци, Турци, Роми и други

Во нашата установа има згрижено корисници со најразлични дијагнози, меѓу кои најчесто присутни се: Церебрална парализа, Параплегија, Детска парализа, Прогресивна мускулна дистрофија, Мултиплекс-склероза, разни облици на дегенеративни конгенитални малформации и други.

Од овој приказ може да се забележи хетерогеноста на корисниците, која што предизвикува одредени потешкотии во совладувањето и реализирањето на нацрт програмите по кои се работи во Установата.

За да ја оствари нормално, непречено и ефикасно основната дејност Заводот организациски е поделен на повеќе оддели и тоа:

Стационар

Се наоѓа на горниот кат од постариот објект и двата спрата од новата зграда. Се состои од повеќе простории: спални соби, простории за дневен престој и забава, санитарии со купатила за лична хигиена, кујна и трпезарија. Повеќе за стационарот и сместувањето може да погледнете овде.

Оддел основно образование и воспитување
Во Установата се остварува организирана настава од прво до осмо одделение, по планот и програмата за редовна настава кои се во склад со законот за основно образование на Р. Македонија, но кај одредени ученици поради нивните намалени способности и можности истата е редуцирана.
Моментално има 10 корисници запишани во основно образование кои посетуваат редовна настава. Наставата ја изведуваат наставници, педагог и дефектолог-воспитувач, се изведува во опремени училници, кабинет по музичко. 

Медицински оддел
Обезбедува примарна здравствена заштита и рехабилитација, целосна грижа и нега за здравствената состојба на секој поединец. Примарната здравствена заштита се одвива преку матичен (општ) лекар кој доаѓа трипати во неделата (понеделник, среда и петок), ја прати здравствената состојба кај сите корисници и по потреба ординира медикаментозна терапија или по ги упатува на лекар специјалист. По потреба се повикува специјалист-физијатар кој се консултира за стручно мислење во врска со ординирањето и обавувањето на физикална терапија кај корисниците. Рехабилитацијата опфаќа и физикална терапија која ја обавуваат дипломиран физиотерапевт и физиотерапевти-техничари.
Физикална терапија која се применува во нашата установа:
- електро терапија
- кинези терапија
- мануелна и електро масажа
- парафино терапија
Целта на овој вид рехабилитација е да ја одржува нивната психо-физичка состојба активна, борба против декубитусите, против контрактурите, да ги одржува нивните постоечки психо-моторни активности и се разбира ако се работи за помлади корисници да овозможи создавање на нови движења.

Општ оддел
Се грижи за хигиената, за набавка на прехрамбени намирници и средства за одржување на хигиената во установата како и средства за лична хигиена на корисниците. Се грижи и за правилно чување и приготвување на оброците. Храната се подготвува во установата во убаво опремена кујна, доручекот, ручекот и вечерата се спремаат од страна на двајца готвачи кои работат во смени.
Во овој оддел спаѓа и административно-книговодствената работа.

Оддел за професионално и работно оспособување
Овде спаѓа стручниот персонал во Заводот, кој пред се се грижи за психичката добросостојба на корисниците. Во установата има комплетен стручен кадар кој вклучува: психолог, социјален работник, социолог, дефектолози, педагог и дипломиран физиотерапевт. Со корисниците континуирано се работи на нивната рехабилитација, социјализација, ментално здравје, едукација, ослободување од анксиозноста, стресот, надминување на меѓусебните конфликти, ослободување од комплекси и фрустрации, работно ангажирање. Со нив се работи индивидуално или групно, во зависност од потребите и можностите.

Заради долгите години на институционализација и поприлично изолираната средина, кај самите корисници се појавува взаемна нетрпеливост која резултира со чести конфликти, кои од своја страна врз нив делуваат доста стресно и фрустрирачки. Постојат стереотипни сфаќања, лични фрустрации, предрасуди, ниско самопочитување, намален праг на толеранција итн. Преку повеќе техники и методи ние се трудиме да им го олесниме животот, да ги ресоцијализираме, да им помогнеме да ги решат проблемите, преку посматрање, интервју, разговор, сугестии, укажувања, подигање на свеста за самопочитување како и настојување за почитување на куќниот ред.