1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Профил на заводот

Профил на заводот

  Јавната Установа Завод за заштита и рехабилитација - Бања Банско е установа која згрижува, негува, едуцира и рехабилитира лица со телесен инвалидитет и е единствена установа од ваков тип во Република Македонија. Установата се наоѓа на влезот на Струмичкото село Банско, во близина на хотелот...

Повеќе...

Дејност на Заводот за заштита и рехабилитација

Дејност на Заводот за заштита и рехабилитација

 Основна дејност на Заводот е заштита, рехабилитација, нега и едукација на нашите корисници - лица со попреченост во физичкиот развој. Групата на корисници кои се сместени кај нас е хетерогена во секој поглед, па за да се обезбеди ефикасно функционирање, корисниците се делат во повеќе групи...

Повеќе...

Стационар и сместување

Стационар и сместување

 

  Стационарот се наоѓа на горниот кат од постариот објект и двата спрата од новата зграда. Се состои од повеќе простории: спални соби, простории за дневен престој и забава, санитарии со купатила за лична хигиена, кујна и трпезарија (поголемиот дел од активностите се одвиваат во овој оддел).

Повеќе...
Previous
Next

Профил на заводот

 

ЈУ Завод за заштита и рехабилитација - Бања Банско е установа која згрижува, негува, едуцира и рехабилитира лица со телесен инвалидитет и е единствена установа од ваков тип во Република Македонија.

Установата се наоѓа на влезот на Струмичкото село Банско, во близина на хотелот "Цар Самуил", под падините на планината Беласица. Се состои од два објекта со дворна површина од 22 000 метри квадратни, која е уредена со зелена површина, дрвја, цвеќиња и патеки за корисниците да може да се шетаат.

Установата првпат е пуштена во употреба на 29 јуни 1974 година од Лејди Сју Рајдер од Англија, која и ја финансирала изградбата на објектот. Во проектот е предвидено корисниците да може да се школуваат во установата. За таа цел примени се наставници за изведување на настава за основно образование, па во склоп на Заводот до ден денес успешно функционира училиштето. Бројот на корисниците постојано се зголемувал, поради што во 2001 година почнал да се гради и друг објект, кој е пуштен во употреба 2004 година, со што се подобруваат и условите за живот на корисниците. Капацитетот на Установата изнесува 65 легла. Моментално во нашата установа има сместено 61 корисник кои потекнуваат од региони на цела Македонија, заради тоа што е единствена Установа која згрижува лица со тешка попреченост во физичкиот развој на ниво на цела држава.

  

ЈУ Завод за заштита и рехабилитација - Бања Банско е државна институција и е под директна надлежност и заштита на Министерството за труд и социјална политика, кое и го сносува најголемиот дел од трошоците и финансирањето и Министерството за образование.

На 2 септември 2007 година целосно беше опожарена едната зграда (постарата). Пожарот однесе и три човечки жртви, малолетни деца, корисници во Заводот. Сега зградата целосно е обновена, со помош на средства од Владата на Р. Македонија и донации од фирми и физички лица, на кои им изразуваме огромна благодарност за несебичната помош и хуманоста. Објектот е пуштен во употреба на 8 септември 2008год.