1. Skip to Menu
  2. Skip to Content
  3. Skip to Footer

Профил на заводот

Профил на заводот

  Јавната Установа Завод за заштита и рехабилитација - Бања Банско е установа која згрижува, негува, едуцира и рехабилитира лица со телесен инвалидитет и е единствена установа од ваков тип во Република Македонија. Установата се наоѓа на влезот на Струмичкото село Банско, во близина на хотелот...

Повеќе...

Дејност на Заводот за заштита и рехабилитација

Дејност на Заводот за заштита и рехабилитација

 Основна дејност на Заводот е заштита, рехабилитација, нега и едукација на нашите корисници - лица со попреченост во физичкиот развој. Групата на корисници кои се сместени кај нас е хетерогена во секој поглед, па за да се обезбеди ефикасно функционирање, корисниците се делат во повеќе групи...

Повеќе...

Стационар и сместување

Стационар и сместување

 

  Стационарот се наоѓа на горниот кат од постариот објект и двата спрата од новата зграда. Се состои од повеќе простории: спални соби, простории за дневен престој и забава, санитарии со купатила за лична хигиена, кујна и трпезарија (поголемиот дел од активностите се одвиваат во овој оддел).

Повеќе...
Previous
Next

Лејди Сју Рајдер

 

Приказната за Госпоѓа Сју Рајдер стана легенда. Луѓето кои го следеа нејзиниот пат, продолжија да ја работат нејзината несебична работа.

Госпоѓа Рајдер е родена во 1923 година во Јоркшир, Велика Британија. На 18 годишна возраст таа активно учествувала во Втората Светска Војна во воената мисија на специјалните сили на британската армија. "Ние младите, тогаш се договоривме дека оние кои ќе ја преживеат војната не треба да подигнуваат скапи споменици на жртвите од фашизмот" - Живи Меморијали, рече многу подоцна Госпоѓа Рајдер.

Госпоѓа Рајдер го направи нејзиниот прв "Жив Меморијал" - дом на жртвите од војната во Германија во 1945 година.

Нејзините следбеници се сеќаваат на секој состанок со неа кој изгледал како празник - таа правела проблемите да ви исчезнат за момент, знаејќи како да го стопли секое срце. Ги стопли и срцата на телесно-инвалидните лица во Република Македонија со тоа што донирајќи средства од нејзината фондација овозможи отварање на установа и тоа Завод за заштита и рехабилитација Бања Банско која успешно функционира веќе повеќе од 40 години.

Госпоѓа Сју Рајдер почина во ноември 2000 година, но нејзината работа продолжи преку нејзините следбеници. Таа остана да биде симбол на хуманоста, взаемното разбирање и почитување.